Стоковите резерви ќе се полнат со домашно жито

Bez autora
Aug 10 2011

Испразнетите стоковни резерви ќе се полнат со домашно жито. Огласот е распишан, а понудите ќе се отвораат на 22 септември. Приоритетен услов е пченицата да биде од годинешната жетва, а оние што ќе сакат да аплицираат со жито однадвор ќе мора да ја запазат владината мерка според која за килограм увезена треба да се откупи 3 килограми од домашната пченица. Карактеристично за овој тендер е тоа што набавката на житото за стоковите резерви ќе се прави според предвидените услови за квалитет, својства и чистина на житото - вели директорот на агенцијата за стокови резерви Сашо Трпески. Според него тендерот, според законот за јавни набавки, ќе го добие понудувачот со најниска цена. За четириесетте илјади тони ќе може да аплицираат дури десет фирми со минимум понудена количина од 4 илјади тони. Набавката ја поделивме на десет дела, а секој што е заинтересиран може да се јави за набавка на најмалку еден дел кој не смее да биде помал од 4 илјади тони.

Стоковите резерви ќе се полнат со домашно житоИспразнетите стоковни резерви ќе се полнат со домашно жито.

Огласот е распишан, а понудите ќе се отвораат на 22 септември. Приоритетен услов е пченицата да биде од годинешната жетва, а оние што ќе сакат да аплицираат со жито однадвор ќе мора да ја запазат владината мерка според која за килограм увезена треба да се откупи 3 килограми од домашната пченица.

Карактеристично за овој тендер е тоа што набавката на житото за стоковите резерви ќе се прави според предвидените услови за квалитет, својства и чистина на житото - вели директорот на агенцијата за стокови резерви Сашо Трпески.

Според него тендерот, според законот за јавни набавки, ќе го добие понудувачот со најниска цена. За четириесетте илјади тони ќе може да аплицираат дури десет фирми со минимум понудена количина од 4 илјади тони. Набавката ја поделивме на десет дела, а секој што е заинтересиран може да се јави за набавка на најмалку еден дел кој не смее да биде помал од 4 илјади тони.

- Согласно понудената цена и количина ќе се избира дали едно лице ќе добие договор за само 4 или за сите 40 илјади тони на лебно зрно - вели Трпески.

Во март поради стабилизарање на цената на житото и пекарските производи Владата интервенираше со државните резерви при што на мелничарите им беа отстапени 40 илјади тони пченица за цена нешто повисока од 15 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik